Колин Руни е прилично лута на својот сопруг Вејн Руни, после последниот скандал кој го приреди тој. На почетокот од овој месец Руни беше уапсен во Вашингтон поради опивање на јавно место и пцуење, а тоа многу ја разлути Колин која веќе со години страда поради проблематичното однесување на нејзиниот сопруг.
„Колин му се дереше и му кажа дека нема да ја напушти куќата без надзор. Го нарекуваше идиот и му кажа дека веќе го уништил нивниот живот во Америка, а само што се преселија таму“, изјави неименуван извор за Daily Mail.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Проблематичниот фудбалер не престанува со скандалите. Веќе 13 месеци не вози автомобил поради казна за возење во пијана состојба, а одработи и 100 часа општествено корисна работа. Беше уапсен минатата година.
Колин веќе му прости неколку швалерски афери, а изгледа дека Руни не се труди многу за да го поправи своето однесување. Тие се во брак десет години и имаат четири сина.