Вејн Руни во последно време се соочува со големи проблеми во приватниот живот.
Како што пренесува реномираниот англиски медиуми „Мирор“, возењето во алкохолизирана состојба донело нови проблеми во бракот на англискиот фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговата соруга Колин не се појави на натпреварот во рамките од четвртото коло во Премиер лигата во кое „карамелите“ на домашен терен запишаа пораз од Тотенхем со резултат 0:3.
Да потсетиме, Руни беше фатен како вози алкохолизирана состојба, а за работата да биде полоша тој возел автомобил кој не бил во негова сопственост, туку на девојката по име Лаура Симпсон со која ја поминал вечерта во еден ноќен клуб.
Неговата сопруга Колин наводно не му замерува на тоа што бил во друштво на друга жена туку на тоа што возел во алкохолизирана состојба, а сега бара од Руни да се обиде да го убеди менаџерот на Евертон Роналд Куман да му даде краток одмор за да си го спаси бракот.
Голема „прашина“ се дигна околу активностите на Руни надвор од теренот, па полека тие работи почнуваат да влијаат и на неговиот професионален живот.
Иначе тешко дека Куман во овој период ќе му даде одмор на Руни кого го смета за еден од најважните фудбалери на својата екипа, па фудбалерот веројатно ќе мора да ја чека наредната репрезентативна пауза за да ги поправи односите во семејството.