Сопругата на хрватскиот фудбалер и бивша прва убавица на Хрватска, Ивана Вида (екс Гугиќ) страсно навиваше за „Коцкестите“ на четвртфиналниот дуел на Хрватска со домаќинот на Светското првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ивана во Русија стигна пред овој натпревар на Хрватска, а со неа го носеше и синчето Давид, кој во саботата му се придружи на тато Домагој после четвртфиналето.
Атрактивната Ивана е активна на Инстаграм, каде деновиве распали со навивачки и провокативни фотографии како поддршка на хрватската репрезентација.
Домагој и Ивана се венчаа минатата година во Умаг, кога со брак ја крунизсаа нивната четиригодишна врска.