Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер е убеден дека Пол Погба ќе остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона,
Иднината на Погба е главна тема веќе подолго време и често се поврзува со трансфер во Реал Мадрид и Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот ја пропушти оваа сезона готово цела поради повреда, но сега е спремен да се врати на терените.
Солскјер за англиските медиуми истакна дека Погба одлично ќе се согласува на теренот со новото засилување, Бруно Фернандеш.
„Добрите играчи секогаш можат да најдат заеднички пат, па ќе биде многу позитивно да ги имам двајцата на терен. Добро е што сега може да се запознаат подобро и другата сезона да функционираат одлично.Погба имаше тешка сезона поради повреди, но рестартот на сезоната му дава подеднакви шанси како и останатите играчи. Тој може да биде и подобро спремен физички од другите“, истакна Солскјер.
Поради пандемијата клубовите трпат финансиски загуби и тешко дека Реал Мадрид и Јувентус ќе можат да си дозволат да ја платат цената за Погба, па поради тоа се поголеми се шансите да остане на „Олд Трафорд“.