Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Солскјер по натпреварот против Евертон истакна дека Ерлинг Халанд донел одлука за својата иднина.
Норвежанецот замина да се сретне со Халанд и претставниците на играчот во петокот за да разговара за негов можен трансфер на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите на Островот тврдат дека Манчестер Јунајтед е прва опција за Халанд и можен е трансфер во јануарскиот преоден рок.
Запрашан како поминала средбата Оле Гунар Солскјер само кратко одговори.
„Нема да коментирам на шпекулациите, тоа е тоа. Халанд знае што сака да прави и знае што ќе направи. Не мора да давам совети на никого од други тимови“, изјави Солскјер.