Норвежанецот Оле Гунар Солскјер најави дека Манчестер Јунајтед ќе биде активен во јануарскиот трансфер период.
„Црвените ѓаволи“ на очаен начин ја отворија новата сезона. По осум кола во Премиер лигата се на 12. позиција, а она што особено го загрижува Солскјер е лошата реализација и само девет постигнати гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не е изненадување што Солскјер со нетрпение ја чека зимата за да ја засили својата екипа, особено во нападот, а еден од фудбалерите кои би можел да пристигне на „Олд Трафорд“ е Манџукиќ кој не игра во Јувентус. Таквите шпекулации не ги отфрли ниту Солскјер.
„Сакаме да доведеме искусни играчи кои ќе им помогнат на младите да се развиваат. Немаме намера да купуваме играчи со големи плати, видовме дека со такви не можеме да градиме тим. Парите за засилвуања во јануари се спремни. Зимскиот трансфер период е тежок и специфичен, но ако на пазарот се најдат оние кои ни се потребни и по поволни цени, нема да се двоумиме и ќе ги доведеме“, изјави Солскјер.
Со оглед на тоа што Манџукиќ ги има сите потребни карактеристики и дека во Јувентус е вишок, медиумите на Островот тврдат дека токму тој е играчот кој Солскјер ќе се обиде да го доведе на зима.