Дома Фудбал Англија Солскјер одлуката да го купи Мегваер ја донел уште во февруари

Солскјер одлуката да го купи Мегваер ја донел уште во февруари

Најскапот засилување за Манчестер Јунајтед во преодниот рок кој во Англија веќе заврши беше Хари Мегваер.

Мегваер стана најскап дефанзивец во историјата и за сума од 93 милиони евра пристигна на „Олд Трафорд“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Воодушевен сум што Хари сега е наш играч. Тој секогаш беше моја прва мета. Ни беше потребно малку време за да го реализирам неговиот трансфер, но такви работи се случуваат во фудбалот. Кога во февруари игравме против Лестер одлучив дека сакам да го имам во тимот. Секогаш е мирен со топката и тоа ни дава нова димензија“, изјави Солскјер.

Од кога Сер Алекс Фергусон го напушти тимот Јунајтед се мачи со пронаоѓање лидер на теренот кој би ја инспирирал екипата.

„Многумина го споредуваат Мегваер со Ван Дајк поради сличните суми, но тоа јас не би сакал да го правам. Она што сигурно го знам е дека Хари ќе има огромно влијание на нашата игра. Мислам дека сме на вистински пат да се вратиме во врвот на Премиер лигата после шест години во кои не бевме конкуренти за титулата“, заклучи 46 годишниот Норвежанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…