Дома Топ вести Солскјер најде замена за Лукаку: Пристигнува ѕвезда која ја сака цела Европа

Солскјер најде замена за Лукаку: Пристигнува ѕвезда која ја сака цела Европа

Англиските медиуми лансираа „бомба“ и тврдат дека Манчестер Јунајтед е на добар пат да го договори трансферот на Николас Пепе од Лил.

Пепе минатата сезона беше сензација во француското првенство и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тренерот Оле Гунар Солскјер смета дека ќе биде идеална замена за Лукаку и е спремен да плати 75 милиони евра за крилниот напаѓач.

Сепак, „црвените ѓаволи“ тука нема да застанат, зашто преговараат и со Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон, а Сергеј Милинковиќ-Савиќ им е втора опција.

Засега нема напредок во преговорите со Хари Мегваер, последната понуда беше 85 милиони евра, Лестер чека, а „ѓаволите“ немаат намера да понудат повеќе од тоа и најверојатно ќе се всртат кон други цели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…