Норвешкиот тренер и шеф на стручниот штаб на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на денешната прес конференција најави дека Антонио Валенсија ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Еквадорецот има важечки договор со клубот до ова лето, а со оглед дека има големи проблеми со повредите и одигра само шест натпревар оваа сезона, јасно е дека дојде време за простување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Антонио веќе неколку години е капитен на овој клуб, за него веројатно после оваа сезона нема да има место во Јунајтед. Тоа го потврди и Солскјер.
„Антонио се уште не е 100% спремен. Се уште работи напорно за да се врати на теренот. Имаше фантастична кариера овде во Јунајтед и Англија.“
„Тој е еден од победниците во ПЛ, но не сум сигурен дали ќе биде овде и наредната сезона. Тоа зависи од тоа дали наредните месеци ќе се врати на теренот. Тој е капитен и би сакал да го видам на теренот до крајот на сезона.“ – изјави Солскјер на прес конференцијата.
Инаку, Валенсија во Јунајтед стигна летото 2009. година, а пред тоа помеѓу останатите играше уште за Виган и Виљареал.
Валенсија така како слободен играч на лето ќе има шанса да избере нов клуб, а како можни следни дестинации се споменуваат Њукасл и Фулам, кои и во јануари покажаа интерес за капитенот на Црвените ѓаволи.