Дома Фудбал Англија Солскјер добива нов договор од Манчестер Јунајтед

Солскјер добива нов договор од Манчестер Јунајтед

Норвешкиот стратег, Оле Гунер Солскјер најверојатно ќе го води Манчестер Јунајтед и после 2022 година, до кога му истекува актуелниот договор.

Како што пренесува „ЕСПН“, челниците на клубот од „Олд Трафорд“ се задоволни од неговата работа и се спремни да му понудат продолжување на соработката.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Одлуката е веќе донесена и на Солскјер ќе му биде понуден нов договор, без разлика дали сезоната ќе ја заврши со освоен трофеј.

Актуелниот договор на Солскјер истекува во јуни 2022 година, а не се познати финансиските детали од новиот договор.

Манчестер Јунајтед минатата сезона заврши на 3-то место на табелата, а оваа сезона се второпласирани во Премиер лигата и се во четвртфиналето од Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Урнебесно видео: Еве како се користи ВАР во македонската четврта лига

ВАР од оваа сезона се користи на терените во Првата лига, но во пониските лиги го нема, па…