Дома Фудбал Англија Солскјер: Де Геа е најдобриот голман во светот

Солскјер: Де Геа е најдобриот голман во светот

Оле Гунар Солскјер, тренерот на Манчестер Јунајтед изјави дека голманот на нивната екипа, Давид Де Геа е најдобриот голман во светот.

Норвежанецот го пофали Де Геа не само поради неговите фудбалски, односно голманските способности.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


„Давид освои многу бодови за нас во претходните неколку години. Би рекол дека е најдобриот голман во светот. Тој едноставно е одличен и многу скромен, но и е полн со самодоверба. Тој беше играч на годината во клубот, па не знам ниту јас колку пати во претходните четири или пет години. Многу сум благодарен на тоа што го имаме. Тука се и Ромеро и Грент така да нашиот голмански состав е одличен. Мислам дека ниту еден тренер во светот не може да ме надмине во тој поглед“, изјави Солскјер.

Денеска од 16:00 часот Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Саутемптон во рамките на 29. коло од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл ја „краде“ желбата на Јувентус

Коло Муани е голема желба на Јувентус, каде ја помина втората половина од минатата сезона.…