Дома Фудбал Солскјер ги изненади навивачите: Немаме потреба од дефанзивец

Солскјер ги изненади навивачите: Немаме потреба од дефанзивец

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер смета дека „црвените ѓаволи“ немаат потреба од засилување во одбраната во овој преоден рок.

Според експертите најголемиот проблем на Јунајтед е слабата одбрана, а и навивачите очекувата клубот да донесе нов дефанзивец до крајот на преодниот рок.

Мегваер и Линделоф се многу критикувани, Смолинг е на излезна врата, а како алтернатива Солскјер ги има Фил Џонс и Ерик Баи.

„Мислам дека минатата сезона ни покажа дека можеме да се браниме добро. Хари и Ерик функционираат одлично, а се браниме добро и како тим. Ерик се врати од повредата и очекувам оваа сезона да напредува и да одигра повеќе натпревари“.

„Имам целосна доверба во моите фудбалери. Мислам дека немаме потреба од нов дефанзивец“, истакна Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета без попуштање за 16-годишниот Дауман: „Ова не е Дизниленд!“

Макс Дауман ќе го пропушти Ливерпул по исклучувањето против Флитвуд, а Артета порача дека …