Maнчестер Јунајтед зад себе има уште една очајна сезона.
„Црвените ѓаволи“ завршија како шести во Премиер лигата и останаа без пласман во Лигата на шампионите, а навивачите бараат раководството на тимот да им обезбеди засилувања за новата сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Дефанзивецот на Тотенхем, Тоби Алдервилд наводно бил понуден на Јунајтед за 25 милиони евра. Дефанзивецата минатата Манчестер Јунајтед беше критична, но Оле Гунар Солскјер се двоумел во врска со овој фудбалер.
Норвежанецот според она што се пишува на Островот е задоволен од играчите кои ги има на располагање во тој дел на тимот. Раководството на тимот ќе се консултира со менаџерот, а потоа ќе одлучи дали ќе го ангажира Белгиецот.
Навистина неверојатно звучи тоа дека Солскјер нема намера да ја засилува одбраната која оваа сезона изгледаше смешно. Алдервилд сигурно е играч кој може да придонесе за подигнување на квалиетот.
Белгискиот фудбалер претходните четири сезони ги помина во редовите на лондонскиот тим каде што прикажуваше солидни настапи.
Сепак, сега изгледа е дојдено време за разделба, а времето ќе покаже дали ќе заврши на „Олд Трафорд“.