Дома Фудбал Англија Солзите во соблекувалната на Арсенал најдобро покажуваат дека нешто мора да се промени

Солзите во соблекувалната на Арсенал најдобро покажуваат дека нешто мора да се промени

Арсенал во последните седум дена доживеа два тешки порази од Манчестер Сити. Прво во финалето од Лига Купот (3:0), а потоа и во Премиер лигата (3:0).

„Топчиите“ се наоѓаат во голема резултатска криза, а атмосферата во соблекувалната на овој клуб е многу лоша. Многу навивачи на лондонскиот клуб бараат од Арсен Венгер конечно да го напушти клубот, бидејќи време е некој друг да дојде на неговото место. Англиските медиуми пренесуваат дека многу играчи му го свртеле грбот на францускиот стратег и дека сакаат Венгер да си оди. Кризата на Арсенал посебно го потресе Лоран Кошчиелни, кој заплакал од мака по натпреварот со Сити.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тој им кажа на своите соиграчи дека едноставно не може повеќе да гледа како поединци се однесуваат кон дресот на Арсенал и не му е јасно зошто не се трудат на теренот. Кошчиелни додаде дека најмногу го боли кога неговите деца го прашуваат зошто Арсенал игра така очајно. Изгледа дека тој е единствениот кој не сака да каже ништо лошо за Венгер, но останатите му замерија што ги критикуваше поради лошите настапи на Арсенал. По натпреварот со Сити дошло и до вербални расправии меѓу неколку играчи, а се кулминирало кога заплакал Кошчиелни.

И покрај се, многумина се прашуваат дали Венгер ќе се извлече и овој пат и дали ќе успее да остане тренер на Арсенал. Најверојатно изгледа дека е време францускиот стратег по повеќе од 20 години да го крене сидрот и местото да го остави на некој помлад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новинар на „Марка“ го откри планот на Модриќ – може да се случи пресврт!

Кога Лука Модриќ во јули оваа година го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сез…