Дома Фудбал Останато Соиграч на Иниеста открил клупска тајна за Шпанецот, па клубот го суспендираше

Соиграч на Иниеста открил клупска тајна за Шпанецот, па клубот го суспендираше

Соиграчот на Андрес Иниеста во Јапонија во иднина добро ќе размисли пред да зборува јавно во медиумите за работи од внатрешноста на клубот.

Дефанзивецот Шунки Такахаши заработи суспензија од еден месец затоа што на јавнота и открил дека Андрес Иниеста нема да настапи против Урава Редс на 23-ти септември.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Такахаши не мислел ништо лошо. Тој му испратил порака на својот пријател кој бил навивач на тој клуб. Во порката напишал дека Иниеста не тренирал и нема да игра. Неговиот пријател таа вест ја објавил на друштвените мрежи .

Локалните медиуми веднаш ги поврзаа работите и веста беше објавена.

Во клубот немале разбирање за Такахаши. Кобе го суспендираше поради прекршување на клупскиот правилник и издавање на клупска тајна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Кристоф Фројнд одговори на изјавата на напаѓачот на …