Дома Актуелно Случајност или не, Роналдо ги „подгреа“ шпекулациите?!

Случајност или не, Роналдо ги „подгреа“ шпекулациите?!

Португалецот повторно е тема број еден во светските медиуми.

Евентуалното заминување на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид е тема за кој зборува целиот фудбалски сцет, а сега самиот Роналдо дополнително ги зголеми шпекулациите.

Англискиот „Дејли Мејл“ пишува дека последниот потег на Роналдо е дополнителна причина за грижа на клубот од Мадрид.

Имено Роналдо ја промени својата фотографија на Инстаграм на која беше во дресот на Реал, сега е во дресот на Португалија. Бројни англиски медиуми се прашуваат дали Португалецот ова го направил намерно и свесно, бидејќи е навистина разочаран од поддршката од страна на клубот во текот на обвинувањата за затајување на данок.

Сепак не треба да се заборави дека започна Купот на Конфедерации на кој учествува и репрезентацијата на Португалија, па можеби Роналдо сакаше само да даде до знаење дека во овој момент посветен е само на настапите за репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, …