Од редовите на женскиот тим на Каменица Саса во текот на вчерашниот ден изнесоа сериозни обвинувања на сметка на главниот арбитар на овој натпревар Димитар Пилешков.
Пилешков е судија кој дели правда во Првата лига мажи, а натпреварот помеѓу Саса и Љуботен го судел само еден ден по обврските во Првата лига. Натпреварот заврши 2:2 без победник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Соопштението од тимот на Каменица Саса ви го пренесуваме во целост:
„Грабеж на Годината
ЖФК Пилешков 2:2 ЖФК Каменица САСА
2 пенали , измислени фаули , за жал не можеше да шутне да даде гол за хет трик
Сега разбра цела Македонија зошто мораше тој да биде актерот иако вчера судеше Прва Лига Мажи!
Други судии јавно немаме за вакви работи па сабота,недела,понеделник пинг понг тој ќе биде!
Коментари од службени лица на натпреварот, да не им пишаме имиња немаат вина но се крстеа од главниот судија:
,,Овој што ви прави, ова е крајно безобразно,,
,,Ова го нема ни во општинска,,
Фудбалска Репрезентација на Македонија Фудбалска Федерација На Македонија
До кога ќе седите со скрстени раце?
Или тоа си е работа но надвор од фудбалските терени?“.