Дома Фудбал Словенија слави историски успех. Кек: Не очекував да поминеме

Словенија слави историски успех. Кек: Не очекував да поминеме

Репрезентацијата на Словенија за прв пат во својата историја се пласираше во нокаут фазата на едно големо натпреварување.

Селекцијата предводена од Матјаж Кек го освои третото место во групата Ц, зад Англија и Данска и пред Србија која го заврши настапот на овогодинешното Европско првенство.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Англија заврши на чело во групата со пет бода, а меѓу Словенија и Данска кои освоија по три бода на крајот реши критериумот подобри резултати во квалификациите, а Данците завршија на второто место кое ги води на Германија. Англичаните и Словенците денеска ќе дознаат кои ќе им бидат противниците.

Големиот успех на Словенија го коментираше селекторот Матјаж Кек.

„Не очекував дека ќе поминеме. Со играта покажавме дека заслужуваме да поминеме. Игравме против еден од фаворитите на турнирот. Се чувствував позитивно во текот на денот. Покажавме ментална сила. Ги анализиравме, но кога станавме пасивни имавме проблеми“, рече Кек и додаде:

„Исклучително сум горд на овој тим. Ја видовте енергијата што сите играчи ја добиваа од сите наши навивачи на првиот натпревар и повторно денес. Од утре ќе се вратиме на тренинзите и на подготовките за следниот натпревар. Имавме тешка група, но имаме врвен тим, многу сум горд на мојот тим и мислам дека ова е почеток на една нова и убава ера за словенечкиот фудбал.

Словенија со три ремија го освои третото место во групата. Против Данска и Србија мечот заврши 1:1, а против Англија 0:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…