Дома Фудбал Италија Следната недела се решава иднината на Донарума

Следната недела се решава иднината на Донарума

Италијанските медиуми пренесуваат дека следната недела директорите на Милан ќе имаат состанок со Мино Раиола на кој ќе се дискутира за новиот договор на Џиџи Донарума.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Донарума влезе во последната година од договорот, сака да остане во Милан, но неговиот агент Мино Раиола е тежок преговарач.

„Спорт медиасет“ пренесува дека Мино Раиола следната недела ќе има средба со директорите на Милан, Паоло Малдини и Рики Масара.

Милан со новиот договор спрема значително зголемување на платата и ќе го направи Донарума најплатен играч во тимот со 8 милиони евра по сезона.

Раиола бара годишна плата од 10 милиони евра и во новиот договор да има откупна клаузула за Донарума, па двете страни ги очекуваат долги преговори за да ги надминат разликите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мереска го продава ланско засилување на Гвардиола од 31.000.000 евра

Голманот на Манчестер Сити, Џејмс Трафорд, наскоро би можел да го засили – Лидс. Как…