Дома Фудбал Останато СЛЕДИ СПЕКТАКЛ: Ова ќе биде една од најсилните нокаут фази во Лигата на шампионите!

СЛЕДИ СПЕКТАКЛ: Ова ќе биде една од најсилните нокаут фази во Лигата на шампионите!

Завршена е групната фаза од Лигата на шампионите и сега е познато кои 16 клубови ќе играат во завршницата.

Ждребот за осминафиналето ќе се одржи во понеделник на пладне во Нион.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Клубовите ќе бидат поделени во два барабани. Во првиот ќе бидат носителите, осумте победници во гурпата, а во втората неносителите, оние кои ја освоија втората позиција во групите.

Во осминафиналето не можат да играат меѓусебно клубови од иста земја и клубови кои биле во иста група.

Првите натпревари се играат на 12-ти и 13-ти, па 19-ти и 20-ти февруари, додека реваншите се на 5-ти и 6-ти март, па 12-ти и 13-ти март.

Финалето се игра на 1-ви јуни во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“.

НОСИТЕЛИ

Борусија Дортмунд, Барселона, ПСЖ, Порто, Реал Баерн, Манчестер Сити, Јувентус

НЕНОСИТЕЛИ

Атлетико, Тотенхем, Ливерпул, Шалке, Рома, Лион, Манчестер Јунајтед, Ајакс

Значи веќе во осминафиналето има можност Клоп со Ливерпул да игра против „неговата“ Борусија Дортмунд која оваа сезона игра во неверојатна форма. Освен тоа би можеле да видиме и реприза од минатогодишното финале (Реал Ливерпул).

Актуелниот шампион може да ги извлече Манчестер Јунајтед или Тотенхем, па и Ајакс…

Барселона има скоро идентично силни противници како Ливерпул, Јунајтед, Рома…„Волчицата“ ги елиминираше Каталонците во минатогодишното четвртфинале.

Јувентус може да ги добие Ливерпул, Тотенхем, Ајакс…

Манчестер Сити би можел да игра со Атлетико и Симеоне…

Секако има и уште неколку интересни парови кои може да се добија, па нема сомневање дека оваа година ќе ја гледаме една од најсилните нокаут фази во последните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Не му успеало на никој друг претходно: Педри во драмата помеѓу Барселона и Селта сруши рекорд

Вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Селта во рамките на 32. коло на шпанската Ла Лига …