Дома Останати Тенис Скок од 26 места за Калин Ивановски на АТП листата

Скок од 26 места за Калин Ивановски на АТП листата

Денеска беше објавена најновата АТП ранг листа, а нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски скокна за 26 места.

Тој се најде на 305. место што е негов најдобар пласман во кариерата, за една позиција повисок од оној на 7 август годинава.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова се должи на пласманот во второто коло на Челиџерот во Братислава и победите во квалификациите.

И другите македонски тенисери кои имаат ранг имаат скок на листата. Горазд Србљак се наоѓа на 1072. место со 10 поени или има скок од седум места, додека Обрад Марковски е на 1485. место со скок од осум места, а остана со три поени.

Ивановски од денеска настапува на Челинџер 50 турнирот во Хамбург и ќе има можност да го подобри пласманот на следното рангирање. Прв противник му е Холанѓанецот Јеле Селс (449.место).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Чилеанецот кој го шокираше Ѓоковиќ не запира: Го елиминираше и Хачанов!

По Новак Ѓоковиќ, Алехандро Табило го совлада и Карен Хачанов со што обезбеди пласман во ч…