Дома Трансфер зона „Скај Спорт“ открива зошто Манџукиќ го одбил ПСЖ

„Скај Спорт“ открива зошто Манџукиќ го одбил ПСЖ

ПСЖ беше последен во низата големи клубови кои ова лето се обидуваше да го доведе Марио Манџукиќ, но хрватскиот напаѓач го одби пвоикот од Париз.

„Скај Спорт“ сега објави зошто поранешниот хрватски репрезентативец одлучил да остане во Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Манџукиќ го одби францускиот шампион бидејќи смета дека не заслужува да биде фудбалер кој го менува клубот во самиот крај на преодниот рок“, пишува „Скај“.

Хрватот наводно смета дека за продолжувањето на кариерата мора да одлучи кога ќе има повеќе време и избор отколку во самата завршница на предниот рок.

Поради тоа ќе остане во Јувентус најмалку до јануари. Италијанските медиуми додаваат дека Сари го смета Манџукиќ за вишок и дека тој воопшто нема да биде пријавен за настап во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…