Дома Трансфер зона „Скај Спорт“: Барселона спрема понуда за Нејмар која ПСЖ нема да ја одбие!

„Скај Спорт“: Барселона спрема понуда за Нејмар која ПСЖ нема да ја одбие!

За враќањето на Нејмар во Барселона се пишува веќе подолго време, а така изгледа ќе биде и во преодниот рок кој следи.

Минатото лето работата беше навистина сериозна се водеа преговори и во Шпанија и во Париз, Нејмар јавно покажуваше дека сака да се врати меѓутоа на крај двата клуба не се договорија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Меси на управата на Барселона и кажал дека сака да игра повторно со Нејмар, а се знае колкаво значење има зборот на Аргентинецот во Барселона.

ПСЖ нема ништо против да го пушти Нејмар, но за тоа бара огромна сума од 250 милиони евра. Барселона која поради високите плати на играчите е во црвената зона ја нема таа сума, но затоа има неколку атрактивни играчи кои може да ги понуди.

За Антоан Гризман минатото лето Каталонците платија оштета од 120 милиони евра со што го направија трето најскапо засилување во нивната историја после Фелипе Кутињо и Осман Дембеле, но францускиот крилен играч во Барселона е прогласен за промашување и покрај добрите бројки. До прекинот на сезоната тој на 37 настапи постигна 14 гола и намести четири.

„Скај Спорт“ открива дека Барселона му понудила на ПСЖ сума од 150 милиони евра и Гризман за да го добие Нејмар назад. Понудата сигурно дека изгледа примамливо, но да почекаме да видиме каква ќе биде реакцијата од Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…