Екипата на Ливерпул до крајот на овој преоден рок би можела да реагира и да доведе играч за врска, неколку играчи се на мета на „црврните“, а еден од нив е посебно интересен.




Според последните информации скаутите на Ливерпул биле импресионирани од 21-годишниот Мет О’Рајли. Иако Селтик не сака да го продаде Ливерпул ќе се обиде со понуда од околу 20 милиони фунти да ги натера да го променат мислењето.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Ливерпул не е единствениот кој е заинтересиран, со неговото име се поврзуваа уште Арсенал, Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд. Но, досега најконкретен беше Лестер кој испрати понуда, меѓутоа истата Селтик ја одби.




Покрај споменатите воодушевени од него биле и скаутите на Лил и Волфсбург кој веќе отворено зборуваа за квалитетите на овој фудбалер.