Играчот на Манчестер Сити, Калвин Филипс е пред трансфер во Галатасарај, пренесуваат медиумите на Островот.
Играчот за врска е во потрага по нов клуб бидејќи за него нема повеќе место на „Етихад“ иако пред две години пристигна како скапо засилување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Филипс никогаш не успеа да се наметне во тимот на Гвардиола, минатата сезона беше на позајмица во Вест Хем каде исто така не се прослави.
Според информациите, Евертон исто така има интерес за Калвин Филипс, но самиот фудбалер е подготвен да ја оживее кариерата во странство и е пред трансфер во Галатсарај.
🚨 Manchester City midfielder Kalvin Phillips is a target for Galatasaray.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 3, 2024
(Source: Sun Sport) pic.twitter.com/bJ20pRT93M