Дома Фудбал Останато СКАНДАЛ: 35 клубови обвинети за местење натпревари!

СКАНДАЛ: 35 клубови обвинети за местење натпревари!

Украина обвини 35 фудбалски клубови за вмешаност во операции за местење на натпревари, кои наводно донеле милионски заработки за организаторите.

Полицијата соопшти дека преку специјална операција е откриено дека две третини од сите тимови во највисоките дивизии на украинскиот фудбал биле вклучени во местење на крајниот исход на натпревари.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Властите велат дека операцијата открила пет криминални групи инволвирани во 57 случаеви на наместени натпревари во кои се вклучени повеќе од 300 луѓе. Се претпоставува дека организаторите заработиле преку 4,2 милиони евра на натпреварите на украинските клубови преку обложувалниците во Азија.

„Доказите ги собираме повеќе од една година. Дојде време да реагираме и да ја истераме правдата”, изјави Сергеј Књазев, шефот на Националната полиција на Украина.

Пет клубови од Првата лига се на списокот, а другите се од пониските лиги. Меѓутоа, двата најголеми украински клубови Шахтјор Доњецк и Динамо Киев не се на „црната листа”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалер на Барселона го понижил Манчестер сити како никој досега

Манчестер Сити оваа сезона игра навистина слабо и постои голема можност да останат без тро…