Дома Топ вести Скандал ја тресе Шпанија: 28 уапсени за местење натпревари, обвинети и Реал и Барса

Скандал ја тресе Шпанија: 28 уапсени за местење натпревари, обвинети и Реал и Барса

Шпанија ја потресе голем скандал – 50 мечеви од втора и трета лига се наоѓаат под истрага поради сомневање дека биле наместени!

Во прашање се натпревари кои се одиграни во сезоните 2015/16., и 2017/18., а на кои предупредуваше Федербет.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Инаку, Федербет е непрофитна организација при УЕФА која се занимава со спречување на илегално обложување што подразбира и местење на натпревари.

Она што секако е веднаш впечатливо е дека меѓу обвинетите клубови се и гигантите Реал Мадрид и Барселона. Поточно, нивните втори тимови!

Шпанските медиуми ја пренесоа информацијата дека полицијата синоќа направила голема акција и привела дури 28 лица поради сомневање за ова дело. Меѓутоа, медиумите пишуваат дека Федербет долго сораотува со шпанските органи на власта откако оваа организација претходно воочи многу неправилности во азијските обложувалници.

„Проблемот со наместени натпревари и голем и со него се соочуваат сите држави. Во Шпанија најмногу се мести на фудбалски натпревари и тоа во втората и третата лига“, соопштија од Федербет.

Еве кои натпревари се под сомнение дека се наместени:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…