Натпреварот од Суперкупот меѓу Фенербахче и Галатасарај кој требаше да се игра во Саудиска Арабија е одложен.
Овој меч требаше да започне од 18.00 часот во Ријад, Саудиска Арабија, но поради една причина истиот е одложен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Играчите на двата тима сакаа да излезат облечени во маици со Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција, со натпис „Мир дома, мир во светот“.
Домаќинот на овој натпревар, според своите закони тоа не го дозволува, па се поизвесно е дека мечот нема да се ни одигра.
Турските новинари присутни на стадионот објавија дека натпреварот е откажан и дека ќе се игра на друго место, сега се чека само официјална потврда од двата клуба.