После двете победи на Брајтон и Астон Вила, Бурнемоут минатиот викенд изгуби од Шефилд со 2:1.
Овој натпревар предизвика голема бура во јавноста откако играчот за врска на Бурнемоут Дан Гонслинг откри дека главниот судија Џонатан Мос имал срамно однесување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Цел натпревар судијата им дваше лесни фаули, а освен тоа не ни помогнаа и неговите коментари упатени кон двајца-тројца наши играчи. Тоа беше понижувачки, ни упати саркастични и ниски зборови. На почетокот на сезоната судиите зборуваа за респект, а сега Мос не покажа воопшто респект кон нас. Зборуваше за опасната зона, неколку пати ни нагласи дека може да испаднеме. Немаше воопшто почит“, откри играчот за врска.