Дома Трансфер зона Џошуа Кинг минувал низ тешки денови кога дознал дека не оди во Манчестер Јунајтед

Џошуа Кинг минувал низ тешки денови кога дознал дека не оди во Манчестер Јунајтед

Во последните моменти од зимскиот преоден рок Манчестер Јунајтед се поврзуваше со доведување на Џошуа Кинг.

На крајот договор помеѓу Бурнемоут и Манчестер Јунајтед не се постигна и Кинг остана „Виталити“, а место него на „Олд Трафорд“ заврши Одион Игало.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џошуа Кинг сакал трансфер во Манчестер Јунајтед и лесно се договорил со „црвените ѓаволи“. Проблем било тоа што неговиот тим барал оштета од 30 милиони фунти, додека Јунајтед нудел најмногу 20.

Еди Хау кој го предводи овој клуб откри дека Кинг бил разочаран кога дознал дека трансферот пропаднал.

„Тоа што Манчестер го сакаше е голем комплимент за неговата игра, кога дозна за пропаѓањето на трансферот имаше тешки неколку дена. Сепак, тој е професионалец и сега е фокусиран на настапите за клубот. Мора да дејствува како тимски играч и да ни помогне во борбата за опстанок“, изјави Еди Хау.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…