Сезоната во Примера заврши со триумф на Реал, кој по пет години ја вратија титулата на „Сантијаго Бернабеу“. Веднаш по завршувањето на првенството порталот „Хо Сокер“, го објави идеалниот тим на сезоната.
Интересно, според порталот кој низ бројни статистички параметри ја оценува играта на фудбалерите, во идеалниот тим има место само за двајца фудбалери на Реал, а меѓу нив не е Кристиано Роналдо.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во идеалниот тим на Ла Лига за сезоната 2016/2017 од шампионскиот тим на Реал има место само за Дани Карвахал и Тони Крос, што е навистина скандалозно.
Идеалнен тим, Ла Лига:
Голман: Пачеко (Алавес, просечна оценка 6,9)
Одбрана: Карвахал (Реал, 7,2), Годин (Атлетико, 7,2), Алварез (Атлетик Билбао, 7,2), Фелипе Луис (Атлетико, 7,5)
Среден ред: Иљараменди (Реал Сосиедад, 7,3), Крос (Реал, 7,7), Меси (Барселона, 8,5), Нејмар (Барселона, 8,5)
Напад: Гризман (Атлетико, 7,4), Луис Суарез (Барселона, 7,8).