Дома Фудбал Англија Сканадал на повидок: Санчез под истрага на УЕФА поради допинг тест!

Сканадал на повидок: Санчез под истрага на УЕФА поради допинг тест!

sanchez

Шпански „Спорт“ соопштува дека Алексис Санчез новата аквизиција на Жозе Мурињо е под истрага на УЕФА и тоа поради допинг тест.

Имено, претставниците на УЕФА во понеделникот допатувале во Лондон за помеѓу останатото да му биде извршен допинг тест на Санчез кој истиот претходно бил најавен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Да потсетиме, Санчез пред неколку дена го комплетираше трансферот од Арсенал во Манчестер Јунајтед, а сега двата клуба ќе мора да и објаснуваат на УЕФА зошто Чилеанецот го пропуштил закажаното тестирање во понеделникот.

Јунајтед и Арсенал, но и самиот Санчез така се најдоа во проблем и ќе мора да одговараат пред УЕФА и да го објаснат непојавувањето на поранешниот фудбалер на Барселона.

Санчез по потпишувањето на договорот во понеделникот е претставен на „Олд Трафорд“, меѓутоа УЕФА токму тој ден го избрала за да добие примерок од крвта на Санчез.

Најверојатно, целата вина за овој проблем ја има Арсенал бидејќи наводно од лондонскиот клуб не ја известиле УЕФА на време дека Санчез тој дека ќе се наоѓа во Манчестер поради потпишувањето на договорот со Јунајтед.

sanchez

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…