Дома Фудбал Останато Си доби тоа што бараше: Роналдо потпишува нов договор!

Си доби тоа што бараше: Роналдо потпишува нов договор!

ronaldo

Дојде време да се наплати уште една голгетерски спектакуларна сезона во Лигата на шампионите, Кристиано Роналдо ќе потпише нов договор со Реал Мадрид и на тој начин ќе си зголеми своите примања во Реал за повеќе од 40%.

Португалецот успеа да ги убеди луѓето во таборот на европскиот шампион дека заслужува зголемување на заработката и место 21 милион евра колку што добива во овој момент, во новата сезона ќе стигне до бројка од 30 милиони евра годишно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ас“ убедува дека без оглед на тоа како ќе заврши сезоната, Роналдо ќе потпише нов договор пред почетокот на Мундијалот во Русија. Со ваквиот потег Флорентино Перез ќе го исполни своето ветување кое го даде после освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите минатата година дека Роналдо ќе добие покачување.

Тоа не се случи веднаш, па Роналдо се налути и многу се пишуваше за неговото незадоволство, а лошата форма на почетокот од сезоната беше очигледна. Посебно што во меѓувреме Нејмар стана најплатен фудбалер во светот и Лионел Меси потпиша нов астрономски договор со Барселона.

Еден од соработниците на Перез, директорот Хозе Анхел Санчез кон средината декември на состанокот одржан во Абу Даби на Роналдо му понудил зголемувањето од девет милиони да биде обезбедено преку бонуси за индивидуални признанија, но Роналдо тоа го одбил.

Договорот на крајот бил потпишан за фиксни 30 милиони евра и дополнителни два преку бонуси. „Ас“ напоменува и дека должината на договорот нема да се менува (останува до 2021).

Значи формулата е повторно истата 30.000.000+2.000.000, а Роналдо ќе биде трет најплатен фудбалер во светот. Пред Португалецот се Лионел Меси (45 милиони евра) и Нејмар (35 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …