Дома Останати Тенис Си го оствари сонот: Индиец на 43 години освои грен-слем и стана прв во светот

Си го оствари сонот: Индиец на 43 години освои грен-слем и стана прв во светот

Индискиот тенисер, Рохан Бопан изминатата недела испиша историја во тенисот. Зад 43-годишниот тенисер е неговата најдобра недела во кариерата.

За еден месец Бопан ќе наполни 44 години, а роденденот ќе го прослави како прв тенисер во светот во двојки. До првото место во конкуренција во двојки дојде откако го освои Австралија Опен што за него беше прв грен-слем во кариерата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тениската кариера ја започна пред 21 година во двете конкуренции, но брзо повеќе се насочи во парови и од поединечна конкуренција се откажа по само 48 одиграни професионални мечеви.

Низ годините прерасна во еден од најдобрите тенисери кога се паровите во прашања, но сега првпат дојде до овие два големи јубилеја (освоен грен-слем и прво место на листата). Титулата на Австралија Опен ја освои во пар со Метју Еден со кого во финалето ги совладаа Симоне Болеле и Андреа Вавасори. Низ годините за да дојде до својот прв грен-слем трофеј му беа потребни 61 обид и 19 различни партнери.

Заедно во пар со Еден, Бопан во минатото го освои и Индијан Велс. Тогаш заслугите за освојувањето на титулата ги препиша на посебното индиско кафе кое го конзумираше во текот на турнирот.

„Индиско кафе пијам секогаш, каде и да патувам, тоа не е тајна. Најважната работа после секој меч е добро да се опоравиш, навистина многу ми помогна“, изјави Бопан во една прилика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…