Ливерпул денес одигра 0:0 против ВБА и речиси да немаше конкретни шанси на обете страни.
Фирмино имаше добра шанса во првото полувреме, на другата страна Робсон-Кану имаше шанса, но погодоци немаше. ВБА се затвори добро, Ливеепул ја имаше топката во својот посед, дури 70%, но тоа не беше доволно за победа денес.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ромелу Лукаку се врати во форма, па благодарение на неговиот погодок Манчестер Јунајтед славеше против Борнмаут со 1:0. Единствениот гол го видовме во 25. минута кога Мата асистираше фантастично, Лукаку беше највисок во скокот и погоди во горниот агол за победа на домашниот тим.
Никако не можеме да кажеме дека Манчестер денес доминираше, напротив, Борнмаут имаше свои шанси кои не ги искористи, додека Де Геа и денес беше на висината на својата задача.
Тотенхем славеше со 2:0 против Брајтон, беше далеку подобар ривал и оваа победа е сосема заслужена.
По пропуштените шанси на Ламела и Сон, Орије успеа да ја искористи својата шанса и во 40. минута да му донесе предност на Тотенхем. Во продолжение, нова шанса за Спарси, Ламела, Роуз и Кејн пропуштија шанси, додека пак, Сон беше стрелецот за вториот гол, кој го постави конечниот резултат.
Во мечот помеѓу Вест Хем и Арсенал немаше погодоци, иако гостите упатија 21 удар кон противничкиот гол.
Манчестер Сити сигурен во уште еден натпревар, па ја врза 15. победа во низа, откако на гостувањето кај Свонси славеше со 4:0. Стрелци на погодоците беа Давид Силва на два пати, Кевин де Бруин, како и Агуеро.
„Лисиците“ под водство на Пуел го декласираа на гости Саутемптон забележувајќи триумф од 1:4.
Во рамки на вечерашниот последен меч, Евертон исто така на гости кај Њукасл славеше со минимални 0:1. Стрелец на единствениот погодок беше Руни во 27. минута од мечот.