Дома Топ вести Сити и Јунајтед се „тепаат“ за ѕвездата на Лајпциг

Сити и Јунајтед се „тепаат“ за ѕвездата на Лајпциг

Лајпциг игра фантастична сезона, но на лето веројатно ќе остане без неколку ѕвезди. Најсилен интерес европските гиганти покажуваат кон Дајот Упамекано и на лето се очекува голема борба за неговиот потпис.

Овој 21-годишен дефанзивец важи за еден од најперспективните во Европа и интересот за него е огромен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат клубовите од Манчестер, кои нема да жалаат пари за потписот на Упамекано.

Германските медиуми тврдат дека младиот Французин веќе побарал трансфер и сака на лето да ја промени средината.

Неговиот договор истекува во 2021 година, па ова лето е последна шанса Лајпциг да заработи на неговото заминување и се очекува голема борба за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се појави изненадувачки фаворит за клупата на Баерн Минхен

Aктуелниот селектор на репрезентацијата на Австрија, Ралф Рагник изненадувачки е новиот фа…