Дома Топ вести Сити и Челзи се вклучија во трката за Скриниар

Сити и Челзи се вклучија во трката за Скриниар

Милан Скриниар ова лето беше блиску до трансфер во ПСЖ, но на крајот остана во Интер.

Сега ситуацијата е поинаква, договорот на Скриниар со Интер истекува на крајот на сезоната и од јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ не се откажува, но сега во трката за неговиот потпис се приклучија уште Манчестер Сити и Челзи.

Пеп Гвардиола е особено заинтересиран за Скриниар, а Сити му нуди плата од 10 милиони по сезона, плус голем бонус при потпис на договорот доколку пристигне без обештетување.

Интер сака да го продолжи договорот со играчот, но тоа ќе биде голем проблем за „нероаѕурите“ бидејќи тие не можат да му понудат повеќе од 6 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…