По долгата сага во која се споменуваше и враќање во Барселона, Лионел Меси одлучи кариерата да ја продолжи во Интер Мајами, но се уште не дебитирал за овој клуб, сега е познато кога тоа ќе се случи.
Претседателот на клубот Хорхе Мас најави дека дебито на Меси најверојатно ќе се случи на 21-ви јули кога овој клуб ќе игра против Круз Азул во Лига Купот, северноамериканско натпреварување кое заедно го организира Северноамериканската лига и федерацијата на Мексико.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Одлуката дека продолжува во САД, Меси јаобјави на 7-ми јуни, а го напушти Пари Сен Жермен каде што помина две години. Се најавуваше враќање во Барселона и трансфер во Саудиска Арабија, но сепак Интер Мајами успеа да го убеди Аргентинецот да се пресели во САД.