Вејн Руни најдобрите денови од својата кариера ги помина во Манчестер Јунајтед каде остави голем траг.
Руни во дресот на Црвените ѓаволи одигра 559 натпревари и постигна 253 погодоци поради што е најдобар стрелец во историјата на англискиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 35-годишен напаѓач го напушти Јунајтед пред три години, а моментално е член на Дерби. Сепак, Руни се врати на Олд Трафорд, но поради синот Каи.
Имено, неговиот 11-годишен син Каи вчера потпиша договор со Манчестер Јунајтед и во иднина ќе биде член на академијата на Црвените ѓаволи.
„Посебен ден. Многу сум горд. Каи потпиша за Манчестер Јунајтед. Продолжи да работиш сине.“ – напиша Руни.