Челзи во моментов не е ниту сенка од екипата која минатата сезона доминираше во Премиер лигата.
„Сините“ така во последните два натпревари во Премиер лигата примија дури седум гола, а на минатогодишниот херој на „Стемфорд Бриџ“, Антонио Конте сериозно му се тресе столицата. По поразот од Борнмаут (3:0), вчера следуваше и катастрофа против Вотфорд (4:1) и така ги турнаа „Сините“ во амбиција каква што навивачите на оваа екипа ретко паметат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, поминаа дури 23 години од кога Челзи доживеа два толку тешки, последователни порази во најелитниот ранг на англискиот фудбал. Така, Челзи последниот пат успеа да доживеа два последователни порази со три (или повеќе) гола разлика, уште во октомври 1995. година, кога Манчестер Јунајтед ги совлада со 4:1, а Блекбурн со 3:0.
3 – Chelsea have lost consecutive Premier League games by a margin of 3+ goals for the first time since October 1995 (1-4 vs Man Utd and 0-3 vs Blackburn). Humbled.
— OptaJoe (@OptaJoe) February 5, 2018
Работите да бидат уште полоши, екипата на Челзи игра исклучително недисциплинирано, па така Челзи оваа сезона заработи дури седум црвени картони, па само Гримсби Таун има повеќе исклучувања (8) во досегашниот дел од сезоната, кога станува збор за сите професионални рангови во Англија.
Исто така, Вотфорд со вчерашата победа над Челзи беше прва по 14 неуспешни обиди. Имено, Вотфорд последен пат го совлада Челзи уште далечната 1999. година.