Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес кон бразилскиот напаѓач Габриел Барбоса – Габигол, пренесуваат бразилските медиуми.
„Јорганџиите“ имаат проблеми во нападот оваа сезона и веќе подолго време го следат Бразилецот, кој во моментов игра во Сантос како позајмен фудбалер на Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
22-годишниот напаѓач треба да се врати на „Џузепе Меаца“ по истекот на позајмицата на 31-ви декември, но за него сигурно нема да има место во тимот на Спалети.
Сантос сака да го задржи Габигол, но тоа е тешко поради финаниски причини, а Симеоне е спремен да ризикува и да го донесе во својот тим.
Габригол пристигна во Интер како големо засилување во 2016 година, но воопшто не ги оправда очекувањата.