Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне нема да го преиспитува исклучувањето на Диего Коста кој беше казнет поради прославата на погодокот со навивачите.
Коста на првиот натпревар за „јорганџиите“ од заминувањето во Премиер лигата во 2014 година против Гетафе постигна гол, а потоа заработи втор жолт картон поради начинот на кој го прослави.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сите можете да донесете свои одлуки, но ако правилото е такво тогаш значи дека жолтиот картон е заслужен и јас немам ништо против тоа“, изјави Симеоне.
Тој додаде дека сака да се фокусира на некои други работи кои Коста ги правел на теренот.
„Фокусиран сум на добрите работи кои ги праваше. После шест месеци пауза даде важен гол и сакаше да го прослави со навивачите, но кога правилата се такви тогаш морате да ги почитувате“, истакна аргентинскиот стратег.