Aтлетико Мадрид прави големи промени.
Имено, Диего Симеоне доби раширени раце но проблемот е што промаши со засилувањата минатата сезона. Како што и знаете, заминуваат Годин, Филипе Луиз, се чека одлуката на Барселона околу Гризман, а најверојатно, по црвениот картон и лошата форма, Диего Коста ќе заврши во Кина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со Мората кој останува, Симеоне го сака и Икарди и тоа најверојатно ќе биде единствената понуда која Интер ја има, околу 70 милиони. Симеоне го сака и Инсиње, но тој е прескап, а единствениот сигурен во тимот за следната сезона се, освен Мората, голманот Облак, Хименез, Коке, Томас и веројатно Саул, освен ако Сити не плати огромни пари.
Родриго најверојатно сака да си оди, но Симеоне нема да се откаже, останува и Аријас, додека Стефан Савиќ кој по конфликтот со кондициониот тренер не игра, би можел да го напушти клубот. Првата цел за стоперското место е Блеки Миленковиќ, потсетуваме и дека Лукас Ернандез си оди во Баерн. Витоло, Калиниќ, Лемар не ги оправдаа очекувањата, но Французинот останува, за Шпанецот и Хрватот се зависи од понудата.
Според проценките во новиот состав ќе бидат пет или шест нови играчи, што значи дека Симеоне подготвува револуција.