Последните неколку денови во Шпанија повторно се разгоре “војната“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона.
Каталонците, директно или индиректно, после натпреварите и случувањата на истите, порачуваат дека ВАР и судиите се на страната на Реал Мадрид.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од друга страна, тренерот на градскиот ривал Атлетико Мадрид, Диего Симеоне одлучи да застане во одбрана на Кралевите.
Симеоне на прес конференцијата пред дуелот со Селта даде свој коментар за последните ВАР контроверзии во Шпанија.
„Немам никаква сомнеж дека ВАР е фер спрема сите. Ако Реал добива повеќе пенали тоа е затоа што повеќе напаѓа. Во еден момент на сите нас ВАР ќе ни наштети или ќе имаме корист од него. Секогаш постои некој кој донесува конечна одлука.“ – изјави Симеоне.