Дома Трансфер зона Се спрема „чистка“ во Ливерпула: Петмина сигурно заминуваат

Се спрема „чистка“ во Ливерпула: Петмина сигурно заминуваат

Ливерпул актуелната сезона ја започна со освојување на Суперкупот на Англија против Манчестер Сити, но тој трофеј ќе остане единствениот за оваа сезона.

Поради тоа на „Енфилд“ се најавува „чистка“, Ливерпул во текот на преодниот рок ќе се обиде да се ослободи од петмина фудбалери, пренесува британскиот „Дејли Мирор“:


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Прв од нив е бразилскиот играч за врска Артур Мело кој е на позајмица од Јувентус. Мело своевремено вредеше 76 милиони евра кога премина од Барселона во Јувентус, но бројните повреди донесоа голем пад во енговата форма. Во Јувентус разочара, а во Ливерпул скоро едвај да доби минутажа.

Неодамна и самиот Артур изјави дека не сака да остане во Англија, Ливерпул има право на откуп на договорот но јасно е дека тоа нема да се случи.

Големо разочарување за Ливерпул е и играчот за врска Наби Кеита. Фудбалерот од Гвинеја во 2018 година пристигна од Лајпциг за 60 милиони евра. Ова лето му истекува договорот со Ливерпул и тој како што стојат работите нема да биде продолжен. Истата судбина ги чека Окслејд-Чемберлејн и Џејмс Милнер.

Заминува и Роберто Фирмино. Бразилецот потврди дека нема да го продолжи договорот кој исто така завршува ова лето, Ливерпул има желба да го задржи, меѓутоа напаѓачот сака нов предизвик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го праќа Гулер на часови кај Чаби Алонсо

Реал Мадрид е спремен да го пушти Арда Гулер на позајмица во зимскиот преоден рок. Неколку…