Дома Фудбал Се случува ли нешто? Зошто Бејл го напушти Мадрид?

Се случува ли нешто? Зошто Бејл го напушти Мадрид?

Реал Мадрид денес ги започна припремите за лигашкиот натпревар против Леганес во средата на стадионот на „Сантијаго Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа новинарите забележаа дека во тренинг кампот Валедебебас го нема Герет Бејл кој изненадувачки морал да го напушти Мадрид и да отпатува во Лондон.

Од за „АС“ соопштија дека Велшанецот во престолнината на Велика Британија заминал со клупска дозвола поради приватни причини.

Шпанските медиуми пишуваат дека овој потег е изненадувачки и вистинска енигма бидејќи нема врска со евентуалната посета на доктори.

Бејл се повреди во текот на натпреварот помеѓу Велс и Хрватска поради што ги пропушти последните два натпревари на Реал против Мајорка и Галатасарај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судијата молчеше, ВАР не се огласи: На Хаити бесни поради спорна ситуација на крајот од натпреварот (Видео)

Во вториот натпревар од првото коло на групата Ц на Светското првенство, Шкотска го победи…