Дома Фудбал Останато Се сеќавате на детето кое си поигра со Џерард? Денес и тој е фудбалер ?

Се сеќавате на детето кое си поигра со Џерард? Денес и тој е фудбалер ?

Натпреварот од февруари 2006 година помеѓу Челзи и Ливерпул на „Стенфорд Бриџ“ го обележи една интересна сцена од тунелот.

Детето кое со играчите излегуваше од тунелот одлучи да се пошегува на сметка на тогашниот капитен на „црвените“ Стивен Џерард и таа снимка стана мега популарна.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џек Никлес тогаш имаше само пет години и успеа да си поигра со Џерард. Му ја пружи раката да се поздрави, а кога капитенот на Ливерпул возврати тој ја повлече раката.

Со тој потег стана неверојатно популарен и вистински миленик помеѓу навивачите на Челзи.

Скоро 15 години подоцна и Џек е фудбалер. Тој е член на нисколигашот Билерикај Таун, а за „Скај Спорт“ се потсети на деталот кој го прослави.

„Секоја година тоа видео се врати. Не се сеќавам премногу на тоа, знам само дека татко ми ме убеди. Го видов Џерард во тунелот и тоа беше инстиник“, изјави Џек.

Денес Џеј има 20 години игра нисколигашки фудбал и се обидува да направи подобра кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…