После поразот во претходното коло од Наполи на домашен терен, екипата на Рома се соочува со нови проблеми.
Проблемите во Рим се редат едно по друго, екипата го загуби натпреврот против Наполи на свој терен, но тоа не е се.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Костас Манолас беше еден од столбовите на одбранта на тимот, но сега тој ќе мора да оди на пауза која воопшто нема да биде мала.
Имено, тој ќе отсуствува најверојатно околу еден месец, иако се претпоставуваше дека повредата не е сериозна. На почетокот се мислеше дека тој ќе ги пропушти натпреварите против Челзи во Лигата на шампионите и натпреварот против Торино во рамките од Серија А, но реалноста е поинаква.
Во Рома се надеваат дека тој би можел да биде спремен за натпреварот против Фиорентина кој се игра на 5 ноември.