Дома Фудбал Останато Се „расфрлаат“ со милиони, а на работниците на стадионите не им дале плата скоро цела година?!

Се „расфрлаат“ со милиони, а на работниците на стадионите не им дале плата скоро цела година?!

katar

Стадионите во Катар на големо се подготвуваат за Мундијалот кој треба да се одржи во оваа земја во 2022 година.

Добро познато на спортската јавност и е тоа како Катарците работат во фудбалот и на сите страни ја покажуваат својата финансиска моќ, но извештајот од организацијата „Амнести Инернешенл“ пренесува вест која ја згрози јавноста.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, според нивниот извештај работиниците кои доаѓаат од Филипините, Непал и Индија не земале плата цели – 10 месеци!?

Месечната плата на еден работник како што се наведува изнесува 1.700 евра, а освен тоа што скоро една година работат за „џабе“ тие престојуваат и во мизерни услови.

Ваквата ситуација придонесе и за реакција на оразниацијата за човекови права која испрати порака до власта во оваа земја да ја разгледа ситуацијата.

„Со обезбедувањето на редовна плата за секој работник, Катар треба да покаже дека е сериозна држава. Она што сега се случува е далеку од такво нешто“, стои на крајот од соопштението од „Амнести Интернешнл“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…