Дома Топ вести Се појавија докази: Барса му ветила на Гризман премија од 14 милиони евра на сред сезона!

Се појавија докази: Барса му ветила на Гризман премија од 14 милиони евра на сред сезона!

Aтлетико Мадрид изгледа бил во право, „Мундо Депортиво“ објави докази (меилови) дека Антоан Гризман преговарал со Барселона уште додека се играла минатата сезона.

Барселона ова лето го купи Французинот така што ја плати неговата откупна клазула во износ од 120 милиони евра. Од тој момент од Атлетико започнаа да обвинуваат дека Каталонците не постапиле фер и дека преговарале со играчот додека се играла сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ објави меилови кои ги разменувале луѓето на Барса и сестрата на Гризман која е негов адвокат и менаџер. Во тие меилови Гризман се договорил со Барселона за премија од 14 милиони евра при потпис на договорот.

Во тоа време Атлетико не знаел за таквиот договор помеѓу нивниот фудбалер и Барселона. Подоцна дошле до тие информации бараат оштета од 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…